ПОЧЕТНА Европски првенства Нема лето без титула на Србија

Нема лето без титула на Србија

сподели

Јуниорската српска репрезентација е нов европски шампион. Во финалето на континенталниот шампионат во Летонија, “орлите” го совладаа домаќинот со 99:90 и ја продолжија жетвата на титулите на младинските првенства.

Блескаше триото Пецарски-Петрушев-Пауновиќ кое заедно постигна 80 од вкупно 99 поени. Пецарски беше најефикасен со 34 поени, најавувајќи со тоа дека брзо ќе го надмине својот татко и дека му претстои блескава кариера.

На другата страна, најдобар беше Артурс Жагарс со 26 поени.

Аплицирајте веднаш за

Оваа генерација српски кошаркари е една од најквалитетните во поновата историја. Најдобар доказ за тоа е патот кон оваа титула на кој младите “орли” доживеаја само еден пораз, ги совладаа Германија, Франција, Велика Британија и Црна Гора, а Украина ја декласираа со 72 поени разлика (121:49).

За МВП на првенството е прогласен Пецарски, а заедно со него во идеалната постава се најде и Петрушев.

Во Б-дивизијата испаѓаат БиХ и Украина. Според пласманот требаше да испадне и Грција, но оваа земја е домаќин на следното Европско првенство поради што го спаси својот статус во елитата.