ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нема лесно за Работнички во Куманово

Нема лесно за Работнички во Куманово

сподели
фото: kumanovskimuabeti.mk

Шампионот ја продолжи победничката низа на стартот од новото првенство по триумфот на гостувањето кај Куманово.

Конечни 70:82 за Работнички, но, како што и се очекуваше, убедливо најтежок натпревар за бранителот на титулата оваа сезона. Можеби кумановци влегоа во шампионатот со намалени амбиции, отфрлајќи ја од старт можноста за сигурен пласман во Суперлигата, но по прикажаното во дуелот со својот стар ривал, покажаа дека воопшто не е така.

Аплицирајте веднаш за

Победата на Работнички е преубедлива во однос на она што се случуваше на теренот. Речиси цели три четвртини темпото го диктираше домашниот тим, најавувајќи притоа дека ќе го направи првото големо изненадување сезонава во Првата лига.

Работнички водеше со 7:12, во вториот период и со 21:27, но кумановци се враќаа како феникс и на 106 секунди пред крајот на првото полувреме, по кошот на Мекиќ, имаа 41:34. Во третата четвртина беше 47:41 пред гостите да направат 6:0, а потоа и да се вратат во водство.

Последната висока предност Куманово ја имаше на 6 минути пред крајот на мечот кога водеа со 68:63. Но, тоа беше последниот збор на играчите на Александар Петровиќ. До крајот, Работнички направи серија од 19:2 и го заклучи натпреварот во своја корист.

Младиот Лука Петровски беше изненадувањето за шампионот постигнувајќи 16 поени со кои беше најефикасен во својот тим. Кај Работнички, Кирил Николовски заврши со 18 поени.

Актуелниот шампион е слободен во следното коло, а потоа гостува кај МЗТ Скопје во дербито на сезоната.