ПОЧЕТНА Европски лиги Нема враќање за Олимпијакос!

Нема враќање за Олимпијакос!

сподели

Поранешниот клуб на Перо Антиќ официјално е исфрлен од Првата лига на Грција и е се поблиску до преселба во јадранското друштво.

Вакво нешто беше најавено уште пред една недела кога стана јасно дека Олимпијакос ќе игра против Панатинаикос во плеј-офот од домашното првенство, но сега доби потврда на седницата на Бордот на лигата.

Тимот од Пиреја бараше натпреварите против ПАО да ги судат странски судии, но нивното барање не беше прифатено. Дојде до жесток конфликт со Кошаркарската федерација, а се кулминираше со одбивањето да истрча на теренот во првиот меч од четвртфиналето.

Сега сите погледи кон раководството на клубот се насочени кон редовното Собрание на АБА лигата што е закажано за 24-ти мај. Ако клубовите прифатат (што ќе биде тотално кршење на правилата на лигата усвоени пред две години), Олимпијакос ќе игра во регионалното натпреварување. Во спротивно или ќе биде дел од Втората лига на Грција или ќе учествува само во Евролигата.