ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нема веќе кошарка во Градски парк???

Нема веќе кошарка во Градски парк???

сподели

Раководството на МКФ е разочарано од однесувањето на публиката за време на вечното дерби во Центар, меѓу Работнички и МЗТ Скопје.

Наместо празник на кошарката и на спортот, соочувањето на најголемите ривали во македонскиот спорт воопшто, се претвори во КОШМАР!

Летаа стаклени шишиња, запалки, камења, парички и секакви други тврди и меки предмети кон сите на теренот, од сите страни, едноставно не бираше кој и по кого фрла.

„Жалиме што однесувањето на поединци влиаје на целокупната атмосфера и на љубовта кон кошарката што ја имаа поголемиот дел од посетителите што дојдоа в сала ова саботно попладне.

Ќе бараме посебна одговорност од домаќинот и организатор на овој натпревар за недоволниот број редари и за организациските пропусти, но и сите заедно ќе мора поактивно во иднина да работиме на отстранувањето на хулиганството и на неспортското навивање од спортските терени.

Безбедноста на сите инволвирнаи страни (играчи, судии, публика, полиција) е на приоритетно ниво и жално е кога толеранцијата се смета за слабост и се злоупотребува.

Салата ќе биде на ревизија и дополнително ќе донесеме одлука дали ќе се продолжи да се игра кошарка во „Градски парк“. – изјави за basketball.mk, спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.