ПОЧЕТНА Во позадина Нема АБА, нема Евролига – бурето барут повторно ќе пламне!!!

Нема АБА, нема Евролига – бурето барут повторно ќе пламне!!!

сподели
aba-liga.com, Crvena zvezda MTS

Црногорците презеле иницијатива, пази – Црногорците презеле иницијатива и се фатиле со работа, за да му наштетат на братскиот народ, Србите. Затоа што претходно Србите излегоа појаки во војната што ја испровоцираа и едните и другите.

Ќе се здружуваат со другите браќа од истото семејство, Хрватите и со малку подалечните браќа, но сепак браќа Словенците, а напомош ги викаат екипите на братучедите од Косово, а другите братучеди од БиХ тријат раце дека ќе ќарат по некое место во новата лига.

Србите, пак, вриштат од дома – не ни треба заедничка лига, можеме ние и самите!!! Македонците ги нема и никој не ги споменува, сигурно ќе не викнат кога ќе падне снег, па ќе донесат одлука за нас, а ние само ќе се потпишеме едно 30 години покасно…

фото: Crvena zvezda mts

Ви звучи познато?

О, сивоњи ни едни, низаедни, како да не знаете дека вакви слични одлуки од минатото, не ни донеле ништо добро, како да сте заборавиле дека максимата да-му-цркне-козата-на-комшијата не враќа векови наназад, а имаме услови да сме пред сите?

Оваа констатација им ја упатуваме на сите кошаркарски челници од регионот, кои што прво ни ги наполнија устите со лиги, формирајќи ја регионалната АБА лига, за потоа да ја уништат и таа последна надеж, дека на овие простори народите повторно ќе живеат заедно, барем спортски, што е од интерес за сите. ЗА СИТЕ!!!

Па не гледате ли дека таа АБА ви носи пласман во Евролига? Наместо да го кренете квалитетот и да се изборите финалистите да добијат две пропусници за елитното европско натпреварување, вие ќе го менувате составот на екипите?

фото: ABA

Наместо да ја кренете и АБА 2 лигата, и таа да добие едно место барем во УЛЕБ Купот, вие ќе се повикувате на ниските страсти и ќе се осветувате со братоубиствено здружување?

Дека Србите се инает магарешки, невиден во историјата на светот, тоа на сите ни е јасно. Дека Црногорците се уште потврдоглави, и тоа ни е јасно.

Дека Хрватите едвај чекаат да им зготват нешто на Србите, тоа па од авион се гледа. Дека Словенците глумат господа, а всушност се славјански јаничари кои што се умислени дека се европејци, тоа па, од тоа па посмешно нешто нема.

ABA

Дека Македонците, моментално, не се никаков кошаркарски фактор на просторите каде што некогаш живееја заедно со претходноспоменативе, каде што сите во југословенската селекција некогаш беа студенти, само тој беше Македонец, тоа ни е јасно исто така. Прашајте ги постарите, знаат за што зборуваме.

Па добро, бе, предводници на елитните екс-ју кошаркарски клубови, не видовте ли дека 50 години живеевме живот што никој никогаш не го живеел и нема да го живее? Дека, ако не бевме најдобри, тогаш бевме во врвот на секоја можна гранка од човековото постоење?

Мислите дека некој (читај, Евролига) ќе ве толерира да си играте ку*т**ак?

Ако не видовте, арам да ви е, ако повторно уривате мостови за да заработите по некоја паричка, повторно да ви е арам. Иљачот излегува секогаш, само што не се знае кога и каде ќе удри.

А, сите сте виновни за моменталнава ситуација, без исклучок!

НАПОМЕНА: Во текстот се користени сленг и други примеси од други јазици, балкански!