ПОЧЕТНА А Репрезентација Немаме к’смет, ќе имаме ли проблеми и во овие квалификации?

Немаме к’смет, ќе имаме ли проблеми и во овие квалификации?

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром

Македонската кошаркарска А селекција останува без еден од најдобрите играчи, во предвечерјето на септемврискиот (прет)квалификациски прозорец на ФИБА, за пласман на следното ЕП 2021.

Марко Симоновски се повредил на последниот пријателски натпревар со бугарскиот шампион Левски, по што веднаш соопштил дека нема да игра во националниот дрес, затоа што времето за рехабилитација се совпаѓало со времето на двата меча – против Косово и Романија.

Архива

Се работи за полесна повреда, не е прецизирано каква и каде, но јасно е дека снајперистот нема да стрела ниту во Приштина на 13-ти, ниту во Скопје на 16-ти септември.

Симоновски подолго време е ровит и има проблеми со повреди, никако не може да врзе една цела сезона во полна пареа, што е проблем и за неговиот клуб МЗТ Скопје Аеродром.

Архива

Минатата година, на стартот на подготовките за Мундијалот 2019 во Кина, Симоновски имаше спор со Федерацијата дали повредата што ја регистрирал медицинскиот тим била стара (како што утврди комисија од доктори специјалисти) или нова, висеше неговата плата за цела сезона, по што државата реши да го исплати преку Агенцијата за млади и спорт.

Ќе потсетиме дека во овој прозорец на ФИБА, сениорската македонска селекција ќе настапи и без странец, поради повредите на натурализираните Витингтон и Теодор, односно семејните проблеми на Хендрикс.