ПОЧЕТНА БИБЛ Недостасуваше последниот чекор за Кожув

Недостасуваше последниот чекор за Кожув

сподели

Единствениот македонски претставник во БИБЛ оваа сезона со пораз го означи враќањето во регионалното друштво.

На гостувањето кај Берое, гевгеличани загубија со 69:62 иако имаа шанси да направат изненадување во Стара Загора. Одлучија ситници, но и поголемото искуство на бугарскиот тим кога станува збор за вакви натпревари.

Аплицирајте веднаш за

По израмнетиот старт, Берое прв се одлепи резултатски благодарение на серијата од 7:0 предводена од Василев и Франкамп. Пред крајот на првата четвртина беше 20:13, а по слично сценарио се одвиваше и вториот период.

На почетокот од второто полувреме домаќините ја зголемија предноста на двоцифрена (54:44) по поените Стојанов и Бачински. Но, Кожув не се предаде, постигна девет поени во низа и се доближи на само еден поен негатива (53:54).

Сепак, иако играше со само седум кошаркари, Берое имаше порасположени играчи во финишот и дојде до втората победа во БИБЛ оваа сезона.

Кожув немаше одговор за Конор Франкамп кој заврши со 26 поени, но и за Далин Бачински кој заврши со дабл-дабл – 15 поени и 16 скока. Во гевгелискиот тим, Александар Радуловиќ беше единствен со двоцифрен поентерски ефект – 19 поени и индекс 30.

Својот следен натпревар, прв на домашен терен, Кожув го игра на 7 ноември против Теута.