ПОЧЕТНА НБА НБА, не е тоа-тоа… Теодосиќ се враќа во Европа

НБА, не е тоа-тоа… Теодосиќ се враќа во Европа

сподели

Американската кошарка не е по меракот на српскиот репрезентативец кој ја тера втората сезона во Лос Анџелес Клиперс.

Во првата имаше повреда поради која не можеше да го покаже целиот свој потенцијал и квалитет, а оваа играше на само осум натпревари со просек од 10,3 минути. Во такви услови, далеку е од она што претставуваше во европската кошарка бидејќи сезонава постигнува по 2,9 поени по натпревар.

„Искрено, малку ми е тешко да се навикнам, но се обидувам. Инаку сум потполно здрав, немам никакви проблеми што се однесува до повредите и ќе видиме што ќе се случи во продолжение од сезоната.

Мислам дека сигурно нема да останам овде. Дојдов, видов како изгледа тоа и, некако… Повеќе уживам и поубаво ми е да играм во Европа, така што сигурно ќе се вратам во Европа. Дали во текот на сезоната или на крајот, ќе видиме“, откри Теодосиќ во интервју за Гласот на Америка.

Кога и да одлучи да се врати во Европа, за него ќе има многу заинтересирани кои се во секој момент расположени да го видат во своите редови.