ПОЧЕТНА НБА НБА ги смрзна разулавените

НБА ги смрзна разулавените

сподели
Fox Sports

Брендон Инграм помина најлошо, затоа што непредизвикан влета во тепачката меѓу Рондо и Пол, која што избувна на мечот Лејкерс – Хјустон.

Освен за тупаниците што ги упати кон Крис Пол, Инграм ќе паузира на 4 средби затоа што му влезе в лице и на судијата.

Аплицирајте веднаш за

Ражон Рондо ќе паузира три натпревари, затоа што плукал и испровоцирал физички контакт, а бекот на Хјустон ќе го нема на два натпревара, затоа што влегол во контакт со предизвикувачот.

Покрај суспензијата, тројцата играчи нема да земаат плата за мечевите што ќе ги отседат.