ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА На 11-ти февруари вонредно собрание

На 11-ти февруари вонредно собрание

сподели
фото: архива

Потписите се регуларни, иницијативата на Владо Илиевски е прифатена.

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација „пресуди“ вонредното собрание да биде закажано за 11-ти февруари, што е максималниот 30-дневен законски рок по поднесувањето на иницијативата (10-ти јануари).

Актуелното реководство на МКФ побарало терминот да биде одложен барем до крајот на февруари, поради репрезентативниот прозорец на ФИБА и поради завршницата од Купот на РМ, што не било прифатено од страна на иницијаторите.