ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА На југот вирее, антибиотикот за аеродромци

На југот вирее, антибиотикот за аеродромци

сподели
фото: архива, сезона 2017/18

Помладата екипа од Гевгелија со триумф ја почна сезоната, совладувајќи го составот на МЗТ Скопје со 81:78.

Оваа победа е изненадување само за оние, што не го следат развојот на кошарката во нашиот најтопол кошаркарски град.

mkf.mk

Блокотехна покажа дека и со изменет состав, филозофијата на постоење е истата – победа на секој натпревар. На тренерот Марјан Илиевски особено му лежи екипата од Аеродром, затоа што минатата сезона стартуваше идентично.

Аплицирајте веднаш за

Гостите имаа +12 во вториот период, но домаќините вратија со серија 15:5. Мечот беше решен во последниот период, во кој што пресуди енергијата што доаѓа од домашниот терен, особено во последните 2 минути.

mkf.mk

Гаидус со 20 поени и 10 скока, заедно со Данило Мијатовиќ со 17 поени, на кои што додаде 9 скока и 4 асистенции, беа лидерите на гевгеличани, особено во кризните моменти.

Голема улога имаа и македонските играчи, особено Лефкоски, Глигоријевиќ и Николиќ со по 11 поени, а да не го заборавиме и Младеновиќ (8 асистенции) кој што ги погоди двете слободни за 80:77 на неколку секунди до крајот на натпреварот.

mkf.mk

Кај гостите се издвоија Љубомир Младеновски (5 скока) и Дамјан Стојановски, со по 15 постигнати поени. Не играше повредениот Марко Симоновски, кој што се мачи со незгодна повреда на петицата.

Медфорд постигна 14 поени со 5 асистенции, Вудард имаше 11 поени, а Магдевски постигна 9 поени со 4 скока. Аеродромци имаа малку загубени топки, 7 наспроти 11, но потфрлија во скокот (44/28).