ПОЧЕТНА Интернационалци На Рајковиќ за влакно му избега повисока плеј-оф позиција во ВТБ лигата

На Рајковиќ за влакно му избега повисока плеј-оф позиција во ВТБ лигата

сподели
фото: Astana

Со поразот од директниот конкурент Зенит, по продолжението, со 103:95, екипата на Астана ја освои шестата позиција во регионалната ВТБ лига.

Со учинок 15 победи и 11 порази, екипата на македонскиот стратег се пласира зад Зенит (15/11), Локомотив, Химки, УНИКС и ЦСКА, а пред Калев и Нижни.

1/4 финале:

ЦСКА - Нижни
УНИКС - Калев
Химки - Астана
Локомотив - Зенит

Натпреварите почнуваат по завршувањето на последното 26-то коло, по кое што нема да има промени на табелата.

Во првата елиминациска рунда во најсилното регионално натпреварување на светот се игра до три победи, форматот е 2-2-1.