ПОЧЕТНА УЛЕБ На гробари „не им доаѓа памет“!!!

На гробари „не им доаѓа памет“!!!

сподели
novosti.rs

Навивачите на Партизан повторно направија инцидент, на натпревар кога се домаќини. Во поразот од Локомотив Кубањ (83:93) во рамките на УЛЕБ Еврокупот, со запалка беше погоден во главата гостинскиот тренер Саша Обрадовиќ, кој што во минатото играше за Црвена звезда, но беше и репрезентативец на Србија.

На претходниот натпревар, во вечното дерби исто така во главата со запалка, беше погоден тренерот на гостите Душан Алимпијевиќ. Црвена звезда најави дека ќе бара да го види записникот од тој натпревар, односно да провери дали судиите го завеле овој момент во официјалниот извештај.