ПОЧЕТНА А Репрезентација Најмладите знаат како да навиваат за Македонија

Најмладите знаат како да навиваат за Македонија

сподели

За кого сe играат спортските натпревари? За широките народни маси.

Постојано се жалиме дека билетите ни се скапи, од 50 или од 100 денари, а разноразните певаљки и леви музичари од регионот, ни собираат и по 50 ЕУР за 2 часа продавање блуд и разврат.

Е, кога вратите се отворени, никој не сака да влезе. Демек, не е интересно, затоа не пуштаат да гледаме гага. Или, врнеше, не можев „да се прскам“. Значи МКФ требаше да подели и по еден „кишобран“ или „чадър“, ова од песниве што ни се вртат по кафаните.

Да биде запишано, за чадорот, за следниот пат да нема пропуст, ако сакаме публика в сала.

Македонија се сака, со знамето в рака!

Односно, не дека никој не сакаше да влезе, туку сакаа и влегоа само оние што навистина ја сакаат кошарката. Или оние кои што немаат бреме на меѓусебни расправии, или оние кои што не знаат што е тоа суета и омраза.

Најмладите заслужија МКФ во иднина да полни по најмалку две трибини со подмладок, бесплатно, со цел да ги доближи чистите детски души до хероите. За овие дечиња, Швајцарија и Литванија се исто, иако повеќето од нив не знаат ни каде се наоѓаат овие земји.

А треба за сите да биде така. Е треба, ама, ајде де…

(НАПОМЕНА: Во текстот е користен сленг. Ликовите на фотографиите немаат допирна точка со содржината на зборовите.)