ПОЧЕТНА НБА Најлошиот Сан Антонио Спарс во ерата на Поп

Најлошиот Сан Антонио Спарс во ерата на Поп

сподели

Џинобили се пензионира, Паркер замина во Шарлот, Ленард отиде во Торонто во замена за ДеРозан и се растури хемијата во тимот кој некогаш беше „закон“ во Западната конференција и во лигата воопшто.

Грег Попович уште сега има загарантиран влез во Куќата на славните на НБА лигата. Се чека само да објави крај на успешната кариера и да им се придружи на легендите кои ставија свој печат на американската кошарка.

Неговите пет шампионски прстени, сите со Сан Антонио Спарс, и 1.207 победи (со 68% успешност) најдобро зборуваат за него иако не смее да се заборави ни тоа дека тој е најзаслужен за кариерите на играчи како Тим Данкан, Ману Џинобили, Кавај Ленард, Тони Паркер итн.

Аплицирајте веднаш за

Но, работите некогаш не одат како што посакува, а оваа сезона е најдобар доказ за тоа. Со биланс од 10 победи и 11 порази, Сан Антонио се наоѓа надвор од плеј-оф зоната и тоа е најлош ефект на Попович во последните 20 години во оваа фаза од сезоната.

Капак на лошите резултати беше дебаклот од Минесота Тимбервулфс со 39 поени разлика што е трет најтежок пораз на Поп во 22-те сезони на клупата на Спарс. Досега, екипата има кош-разлика -48 (2281:2329), највисока откако трофејниот стручњак го презеде тимот од Тексас.

Во следниот период Сан Антонио повторно ќе биде без Пау Гасол кој ги пропушти првите 10 натпревари од сезоната, а сега доживеа повреда на левото стапало и ќе биде надвор од тимот на неодредено време.

Единствената добра работа е тоа што во следните 20 дена екипата повеќе ќе биде на домашен терен и ќе има можност да се стабилизира и да почне да бележи добри резултати. Од следните 10 натпревари, осум се во АТ&Т центарот, а гостувањата се кај Јута и Лос Анџелес Лејкерс, двата ривала од Западната конференција.