ПОЧЕТНА А Репрезентација Најдобро е да победиме, но и пораз не носи во следната фаза

Најдобро е да победиме, но и пораз не носи во следната фаза

сподели
fiba.basketball

Македонската кошаркарска репрезентација е во пол-позиција кога станува збор за првото место во Б групата од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Трите победи на првите три натпревари ни даваат сигурност, но и ни ја зголемија самодовербата која падна на најниско ниво по ланскиот неуспех во истата фаза од патот за планетарниот шампионат. Нашите кошаркари во два наврата го совладаа Косово, еднаш и Романија и ја имаат судбината во свои раце.

фото: ФИБА

Следен, но и последен натпревар од овие претквалификации е оној против Романците на нивен терен на 21 февруари. Ситуацијата многу наликува на онаа од претходната фаза на претквалификациите кога против Швајцарија во последното коло браневме 15 поени разлика.

Аплицирајте веднаш за

Сега браниме 14 бидејќи на домашен терен ја совладавме Романија со 90:76. Тоа значи дека во главниот дел од квалификациите за континенталното првенство не носи секоја победа, но и пораз до 14 разлика.

фото: ФИБА

Само како потсетување, сценарио кое никој од нас не го посакува, ако и загубиме повеќе од дозволеното, последна шанса ни е победа на Косово против Романија во последното коло, на 27 февруари во Приштина.

Не е убаво да се занимаваме со математика бидејќи сакаме победа на секој натпревар. Кошаркарите треба со таква мисла да заминат во Романија во февруари и да потврдат дека неправедно сме во оваа група репрезентации.

Помогнато од Ресторан Enjoy во Гевгелија.