ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најдобриот пријател на Перо Антиќ, на оперативно чело на Гостивар

Најдобриот пријател на Перо Антиќ, на оперативно чело на Гостивар

сподели

Повратникот во првата лига на Македонија, освен што успешно го поминува првиот дел од сезоната, игра одлично и котира високо на табелата (4 позиција), не мирува на организациски план.

Нов прв оперативец на клубот е Бајрамали Саити – Бали (најголемиот „виновник“ за доаѓањето на Перо Антиќ како акционер во КК Гостивар), кој што седнува на позицијата на која што на стартот на сезоната беше Младен Ѓуроски.

Перо Антиќ и Бајрамали Саити

Освен одличните релации со нашиот кошаркарски ас, новиот тим-менаџер одлично соработува со сите спонзори во клубот, со спортскиот директор, со целата управа, со тренерот и со играчите и е еден од омилените ликови во овој проект.

Ако се остварат плановите на оваа ганрнитура што го раководи во моментов, гостиварскиот клуб ќе се претвори во најпрофесионалниот и најстабилниот спортски колектив во тој дел на Македонија.