ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најдобриот младински тренер им ја посветува наградата на идните генерации

Најдобриот младински тренер им ја посветува наградата на идните генерации

сподели

Александар Јованчев го доби признанието за Број 1 во машката младинска конкуренција, поради одличните резултати со селекцијата до 16 години и поради солидната сезона со младинските генерации на Вардар, за 2018-та.

Неговиот успех е резултат на повеќегодишна работа, со план и програма, односно со јасна идеја која што беше поддржана и од ФИБА, со проектот „Заедно до М16“, со што Македонија беше вратена во А дивизијата со третото место на ЕП во БиХ.

„Да се биде најдобар во младински категории претставува чест и задоволство и нормално дополнителна мотивација да работам уште подобро од претходно. Убаво е кога ќе добиете признание за трудот кој што сте го вложиле.“ – изјави тој, за нашиот портал.

Јованчев беше избран на гласање и неговиот избор е неоспорен, како што се и неговите резултати, сакал некој да признае или не.

Насмевките на лицата на играчите кои што ги водеше во Сараево, гордоста во нивниот настап на сцената на изборот на „Најдобрите за 2018“ во организација на МКФ, се дополнителна потврда.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои што гласаа да ја добијам оваа награда. Наградата за најдобра репрезентација е признание за сите од стручниот штаб и играчите, нека претставува мотивација за сите репрезентации летово на кои што им посакувам многу успех на Европските првенства.“