ПОЧЕТНА Интернационалци Најдобар натпревар на Димитријевиќ во АЦБ лигата

Најдобар натпревар на Димитријевиќ во АЦБ лигата

сподели

Македонскиот интернационалец, за жал последната година не и репрезентативец на нашата земја, одигра одлично на гостувањето на неговиот тим Хувентуд кај Фуенлабрада.

Каталонскиот клуб победи со 74:106, а Нено Димитријевиќ собори еден и израмни уште еден личен рекорд.

Постигнатите 16 поени се најмногу за него во 70-те натпревари во АЦБ лигата со што го собори досегашното најдобро постигнување од 15, реализирани во дуелот со Реал Мадрид во четвртото коло. Индексот 22 е идентичен како оној против Валенсија во 15-тото коло.

Димитријевиќ имаше само едно промашување на натпреварот 2/3 за три, 3/3 за два, 4/4 од линијата за слободни фрлања) на што додаде три скока, три асистенции, две украдени топки и три претрпени лични грешки.