ПОЧЕТНА Други лиги НАЈГОЛЕМИОТ ИГРАЧ ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ: Со една реченица, кажа се!

НАЈГОЛЕМИОТ ИГРАЧ ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ: Со една реченица, кажа се!

сподели
mkf.mk

Најдобрата поединка во нашата женска кошарка изминативе неколку години и голем професионалец веќе две децении, со една единствена реплика кажа се, покажа колку е скромна и колку од себе има дадено и има вложено во овој спорт.

На прашањето што и значи и какви се впечатоците, по сезоната и МВП признанието во финалето, Славица Наков беше кратка, брзајќи за прославата што се подготвува по повод првата двојна круна за ЖКК Вардар:

„МВП наградата е круна на мојата 20 годишна кариера.“

mkf.mk

Откако ја замоливме да каже уште некој ред за годината што остава длабок печат во нашата кошарка, таа рече:

„Пресреќни сме што ја постигнавме зацртаната цел оваа сезона. Тимската игра пред се е главната причина за овој успех.

Дадовме се од себе, игравме борбено и ја посакувавме титулата. Благодарност до сите девојки и стручниот штаб за придонесот и поддршката.“

Вардар го совлада петкратниот шампион Бадел со 3:0 во финалната плеј-оф серија, а претходно во Гевгелија триумфира во националниот Куп на РМ против истиот противник.