ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најавите се остварија: МЗТ Скопје има нов плејмејкер

Најавите се остварија: МЗТ Скопје има нов плејмејкер

сподели

Во вториот дел од сезоната МЗТ Скопје ќе биде засилен за американскиот плејмејкер Џордан Крофорд. Договорот што беше најавен минатата недела се оствари по завршувањето на преодниот рок во АБА лигата, па тој ќе има можност да настапува само во домашното првенство и Купот на Македонија.

Американецот доаѓа од НБА Џи-лигата (поранешна НБДЛ), каде што настапуваше за екипата на Мемфис Хасл и тоа со двоцифрен поентерски учинок во повеќе од половина од одиграните мечеви. Претходно, има играно за Вестчестер Никс, а универзитетскиот дел од кариерата го мина настапувајќи за Боулинг Грин колеџот.

Ова не е негов прв ангажман во Европа бидејќи пред три сезони настапувал во Северен Кипар, во тимот на Мапфри Лајф каде просечно постигнувал по 26,8 поени, 6,3 скока и 4,2 асистенции.

Ако нема дополнителни проблеми, своето деби во дресот на МЗТ Скопје, Крофорд ќе го забележи на дербито против Блокотехна во 15. коло од Прва македонска кошаркарска лига.