ПОЧЕТНА АБА НАЦИОНАЛНИТЕ ЛИГИ ПРЕД РАСПАД: Олимпијакос сака да го напушти грчкиот шампионат

НАЦИОНАЛНИТЕ ЛИГИ ПРЕД РАСПАД: Олимпијакос сака да го напушти грчкиот шампионат

сподели
euroleague.net

Пирејците се незадоволни од судењето на натпреварите со Панатинаикос, во официјално соопштение истакнаа дека нема да играат на мечевите на кои што ќе суди одредена тројка, чии што имиња во моментов не се ни битни, односно дека нема да игра против ПАО на грчко тло доколку не судат меѓународни судии.

Олимпијакос испратил официјално барање до АБА лигата за евентуално учество на тројниот европски шампион во регионалното натпреварување во кое што се натпреварува и МЗТ Скопје Аеродром, односно се бори за враќање од втората, во елитната дивизија.

euroleague.net

Во минатото, најзвучното име во АБА лигата беше Макаби, но тој експеримент со израелскиот претставник не успеа, поради тогаш слабиот квалитет на лигата и поради дистанцата што требаше да ја поминува тимот од Тел Авив, во ситуација кога игра и во Евролига и поминува милиони километри годишно.

Ова е втор случај на великан од односна земја, односно лига, да бара нешто или во спротивно да се заканува со излегување од националното натпреварување. Реал Мадрид најави нешто слично, по контроверзниот пораз во финалето на Купот на Кралот, од Барселона.

Евролига истакна дека клубовите кои што имаат загарантирани лиценци и договори, не мора да играат во националните шампионати. Тоа значи дека и Олимпијакос и Реал Мадрид, доколку решат да не играат во грчкото и во шпанското првенство, може да бидат дел од елитната лига која што им е приоритет и која што е далеку поквалитетна од домашните лиги.

euroleague.net

Сето ова има длабока позадина, која што на обичните љубители на кошарката се уште не им е јасна и ќе им се разјасни дури тогаш, кога ќе има конкретни потези, а не вакви позадински најави.

Дали е ова уште еден дел од спец војната меѓу ФИБА, под чија што капа се домашните првенства и УЛЕБ, организаторот на Евролига? До кога клубовите ќе се закануваат со излегување од лигите, незадоволни од судењето? Дали е ова голем чекор кон формирање елитна лига, со маргинализирање на домашните, со цел формирање на европска НБА дивизија?

Ќе се прашуваме и ќе чекаме…