ПОЧЕТНА А Репрезентација НАУМОСКИ: Политичарите ми велеа дека „ги боли уво“ за репрезентацијата!!!

НАУМОСКИ: Политичарите ми велеа дека „ги боли уво“ за репрезентацијата!!!

сподели
blic.rs

Претседателот на Македонската Кошаркарска Федерација беше гостин на српскиот медиум Блиц, кој што на повеќе платформи објави изјави на Пеце Национале, во кои што првиот човек на нашата кошарка открива многу пикантерии:

„Кога дојдов на оваа позиција, 2015-та година, во македонската кошарка не постоеше сојуз или федерација, туку се работеше преку приватна сметка во сопственост на поранешниот претседател и поранешниот генерален секретар. Тоа го знаеја сите, па и ФИБА.

blic.rs

Првата цел ми беше да ја одблокирам сметката на Федерацијата, успеав во тоа, а чувствувам дека „се борам со ветерници“. Кај нас сите нешта се работат политички и јас се трудам да не дозволам да победат некои лични интереси, туку интересите на нашата репрезентација.“ – вели Наумоски.

Наумоски се осврна и на, како што вели, слабиот квалитет на стручни кадри и соодветно на тоа, уште послабиот квалитет на играчите во младинските категории во македонската кошарка:

„Како да напредуваат наши деца, кога во клубовите има по 6 странци. Момчињата од 19 години никако не можат да добијат шанса. Постојано се бориме за опстанок во АБА лигата, а да не зборувам за слабите настапи на меѓународната сцена во европските натпреварувања.

blic.rs

Има многу противници на мојата работа, се обидуваат да ме сменат, иако за нешто повеќе до две години успеав да ја доведам сметката што ја одблокиравме во 170.000 евра плус, а МКФ ќе добие и сала од државата во која што ќе може да се развиваат младите категории на кои што никој не обрнуваше внимание последниве 20 години.

Нашите кошаркари се физички и технички послаби од нивните врсници по другите земји. Можеби не можеме да правиме центри, но веќе не произведуваме ниту бекови или плејмејкери. Сакам да застане падот на македонската кошарка кој што почна 2011-та година, кога сите мислеа дека многу лесно ќе се одржиме во врвот.

blic.rs

Многу политичари ми рекоа дека ги боли уво за репрезентацијата, но тие мора да сфатат дека таа не е ниту нивна, ниту моја, туку наша.“ – заклучува Петар Наумоски, во еден сегмент од интервјуто за српскиот медиум Блиц.

НАПОМЕНА: Сите фотографии и комплетното интервју се преземени од српскиот портал Blic.rs!