ПОЧЕТНА Други лиги НАУМОСКИ: Конечно клуб од Ѓорче Петров!

НАУМОСКИ: Конечно клуб од Ѓорче Петров!

сподели

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски, не го криеше задоволството до формирањето на една изворна екипа на територијата за која што тој е задолжен и се залага да ја претвори во подобро место за живеење.

Според него, парафразирано протолкувано до наша страна, крајно време било да се создаде клуб кој што ќе биде синоним за оваа населба.

„На територијата на нашата општина, успешно, повеќе години наназад, работат тренери кои што се под закрила на некои други франшизи, кои што не потекнуваат од нашата општина.

Мене ми е жал што тоа беше оставено така низ годините, но еве сега конечно добиваме изворен, наш кошаркарски колектив, со сета почит кон останатите субјекти кои што се занимаваат со кошарка на нашата територија.“ – рече Наумоски.

Во современото време, за ваквите нови и мали клубови кои што никнуваат спонтано, голем проблем се финансиите со кои што овие колективи треба да опстанат.

„Ветувам дека од се срце ќе го поддржиме клубот, би сакал сите наши клубови на територијата на Општината да се обединат, а ние со сите средства со кои што можеме ќе го помогнеме овој проект. Сакаме да ја анимираме и бизнис елитата од нашата населба.“ – вели Наумоски.

Аплицирајте веднаш за

Градоначалникот го истакна мотивот со кој што е формирана оваа нова кошаркарска екипа.

„Мотото на овој клуб е – да си ги собереме своите деца дома –  што мене лично многу ме радува. Јас лично сакам да ги гледам тие деца да се натпреваруваат со другите, ние сме луѓе со богат спортски дух.“ – се зборовите на Александар Наумоски, градоначалникот на општината Ѓорче Петров, во Скопје.