ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НАУМОСКИ: Знам кој стои зад сите овие притисоци

НАУМОСКИ: Знам кој стои зад сите овие притисоци

сподели

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, имаше свое излагање за наталожените проблеми, пред собирот на прволигашките екипи, обаснувајќи ги постапките на нашата Куќа на кошарката:

„Кај мене никогаш никој немал протекција, кон сите клубови се однесувам еднакво. Моравме да суспендираме иако не сакавме, пред сѐ поради заканите со кривични пријави.

Не сакавме да реагираме за да има мирна завршница на Купот на Македонија, но сега моравме бидејќи правилата се такви.

Од авион се гледа кој и зошто го прави ова. Зад сите притисоци се два клуба кои се во директна врска со лице кое претендира да биде претседател на МКФ.“ – рече Наумоски.

Федерацијата е подготвена да им излезе во пресрет на клубовите во делот на барањата за суспензиите, но условот е Работнички да ги повлече сите клевети изречени во медиумите и евентуалните кривични пријави.

Според Наумоски, од Работнички не поднеле комплетна документација за Ксавиер Џонсон, што воедно било и признато од страна на клубот, што била единствената причина што Американецот не бил регистриран, а не некои други задкулисни игри.