ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НАУМОСКИ ЗА ВЕЧЕР: Не ме менуваат клубовите, туку…

НАУМОСКИ ЗА ВЕЧЕР: Не ме менуваат клубовите, туку…

сподели
фото: Вечер

Актуелниот претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, во интервју за медиумот Вечер, дава свое видување и свои факти за актуелната ситуација во македонската кошарка, односно за иницијативата за негова смена.

По Европското првенство во 2011 (каде бевме 4. место) го задржавме истиот состав и во 2013 година во Словенија, но таму завршивме на 21. место. Ова значи дека падот во репрезентацијата е веднаш по ЕП во Литванија.

Не знам која е причината и не сакам да навлегувам, зашто јас не бев на чело на федерацијата во тој период. Падот продолжи и во 2015 година, каде завршивме на 19. место. Но, пред три години не беше составот што го имавме во 2011 година, имаше голем број на промени и недостатоци на клучни кошаркари кои беа носители на играта на Македонија.

Од 2015 година јас директно сум инволвиран во развојот на младите кошаркари и самата репрезентација. Факт е дека ние никогаш не успеавме да составиме репрезентација, како што тоа го прави изминатите неколку години ракометот.

Самиот Кире Лазаров има направено една блескава кариера, исполнета со многу успеси на личен и клупски план. Тој и на 37 години се уште е лидер и носител на атмосферата и единството што секој тимски спорт треба да го применува.

Со моето доаѓање на оваа функција јас се залагам да направиме едно големо единство, се со цел да ги елиминираме сите недостатоци. За жал, не наидовме на таква атмосфера. Моето доаѓање во федерацијата со иницијаторите кои беа во тој момент, го поврзаа политички. – вели Наумоски за Вечер.

Комплетното интервју може да го прочитате на овој линк.

НАПОМЕНА: Насловната фотографија и комплетното интервју се преземени од Вечер.