ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Наумоски го прекина Собранието

Наумоски го прекина Собранието

сподели

По тричасовна дебата, претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски го прекина годишното Собрание пред да биде изгласан дневниот ред.

Дел од делегатите што имаат право на глас бараа да биде ставена на дневен ред точката за гласање доверба на претседателот, а тој го искористи своето дискреционо право по ова суштинско прашање и со образложение дека не сака да ја остави Федерацијата дисфукнционална и обезглавена и им посочи да соберат потписи и да го исполнат цензусот за свикување вонредно Собрание на кое ќе може да се гласа доверба.

Според статутот, на редовно Собрание нема можност за избор на претседател. Присутните не можеа да се договорат дали асоцијацијата “3х3” има право на гласање бидејќи според нив била многу доцна заведена во Централниот регистар, само неколку дена пред Собранието, по што беше изгласано тоа полномошно да се поништи.