ПОЧЕТНА Други репрезентации НАУМОСКИ: Главниот приоритет вроди со плод

НАУМОСКИ: Главниот приоритет вроди со плод

сподели

По враќањето на У16 селекцијата од Сараево и бронзата што симболично ја доби од селекторот Јованчев, претседателот на МКФ уште еднаш го посочи моментот, што, според него, ќе го одбележи неговото владеење со нашата Куќа на кошарката, во можеби најтурбулентниот мандат што го имал еден прв човек на македонската кошарка.

„Најголемиот акцент во мојот мандат го дадов на работата со младите категории, затоа што се гледаше дека работата и континуитетот со младите изостанува во претходните 15-16 години. На некој начин, вештачки се радувавме на успехот во 2011 година, затоа што мислевме дека со тој успех, ќе продолжи развојот на македонската кошарка и создавањето на младински играчи.

Ако не се работи со нив, тие нема сами да се создадат. Почнавме со ангажмани и проекти врзани со ФИБА, пред две и пол години. Раководството на сегашната Федерација има неколкугодишно искуство со тоа. Го изведовме проектот во соработка со федерацијата на Турција и ги користевме нашите лични врски за да издејствуваме проект кој што може да го создадеме на наше тло.“ – рече Наумоски.

Освен кошаркарскиот аспект, кревање на самодовербата кај нашите деца која штосо години беше загубена и не постоеше, целта била и на психолошки план да се крене комплетната репрезентација, која што, ако сакаме да функционира, мора да дише како еден, без разлика за кое ниво станува збор.

„Видовме дека овој проект има позитивни импликации во развојот на децата, со самото тоа што дружбата на децата трае подолго, за разлика од другите селекции. Зголемено е оваа година, околу 40 дена децата беа заедно, го надополнивме со вистински подготовки и со хемија којашто е потребна за подобрување на психофизичките карактеристики на секој играч.

Интонациите на химната пред секој натпревар, начинот на нејзината интерпретација, покажуваше дека кај нашите деца има голема желба да играат со срце за оваа репрезентација и за националниот дрес да биде како оној во екс-Ју – престиж за секој спортист.“

Ова не е првата и единствемна генерација која што ќе покажува резултати, се надеваат од МКФ.

„2002 година е онаа што ја започнавме, не израдува, голема благодарност до стручниот штаб. Но, мора да напоменеме дека не застануваме тука, следи проект и за деца родени во 2003 година. Се изборивме и овој проект да продолжи со 2004 година. Исто така почнавме со работата и со девојчињата.

Концентрирани сме на целата кошарка, не само на машката, туку и на женската кошарка. Се надевам дека сите што работат и сите што ќе работат во иднина ќе одат по ист правец и нема да направат отстапка од овие проекти.“

Аплицирајте веднаш за

Мисијата не завршува тука, планот и програмата се подготвени и за повисоко ниво на организација и функционирање, рече Наумоски.

„Ова раководство веќе има програма, се заложивме да добиеме спортска сала во трајно користење на подолг период и ќе добиеме свој дом. Таму ќе продолжи активноста со репрезентациите, каде што ќе има тренери, нутриционист, психолог…

Ќе се работи со цел да се задржат сите деца и да не се дозволува нашите играчи да одат надвор од нашите граници.“ – изјави претседателот на МКФ.