ПОЧЕТНА Во позадина НАГРАДНО ПРАШАЊЕ: Колку титули има на фотографијата?

НАГРАДНО ПРАШАЊЕ: Колку титули има на фотографијата?

сподели

На хуманитарниот натпревар меѓу легендите и актуелните првотимци на Работнички, видовме 10 имиња кои што во минатото играле во црвено-белиот дрес и оставиле силен печат на времето поминато во Градски парк.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева, како и на телефонските броеви 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне). Ирена е мајка на две деца и мора да се оперира во Русија.

Аплицирајте веднаш за

За тимот на легендите предводени од Лазар Лечиќ, настапија Борис Нешовиќ, Перо Блажевски, Марјан Србиновски, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Тони Симиќ, Александар Димитровски, Ристе Стефанов, Александар Јончевски и Енес Хаџибулиќ.

Кој со повеќе килограми, кој со се уште активно тело, кој со шут како да фрла цигли, кој со прецизна рака како во минатото – сите останале она што беа, харизматични и неповторливи кошаркарски ликови кои што се белег на нашата кошарка, секој во својата генерација.

Во нивно време, Работнички освојуваше се што може да се освои во домашните натпреварувања, со мали исклучоци. Ако броиме, дали може да ги избориме пехарите што ги освоија сите овие играчи на нашиот најтрофеен клуб?

Еве предизвик, за нашата верна публика.