ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Навивачите победија: Нема повеќе црвени столчиња на натпреварите на МЗТ Скопје

Навивачите победија: Нема повеќе црвени столчиња на натпреварите на МЗТ Скопје

сподели

Долгогодишната желба на навивачите на МЗТ Скопје, конечно, ќе биде исполнета. На натпреварите на македонскиот шампион во салата “Јане Сандански” во иднина нема да има црвени столчиња.

Нема да се сменат, туку врз нив ќе бидат поставени црни прекривки. Постапката е веќе почната, дел од столчињата ќе бидат покриени за натпреварот против Црвена Звезда, а остатокот до следните дуели на МЗТ Скопје.

Како што велат од клубот, сето тоа е во согласност со договорот што неодамна го направи новото раководство со најверните навивачи.

фото: mztskopjeaerodrom.mk