ПОЧЕТНА Избор на уредникот Навивачите на ПАО знаат како се слави титула, па макар и доцна...

Навивачите на ПАО знаат како се слави титула, па макар и доцна во ноќта (ВИДЕО)

сподели

По триумфот во петтиот натпревар од финалната серија против Олимпијакос, тимот на Панатинаикос со автобус се врати од Пиреја пред арената ОАКА која се наоѓа во Маруси, населба на другата страна од Атина.

При целото патување екипата беше придружувана од полицијата, но полека и се приклучуваа навивачи. Кулминацијата се случи пред ОАКА каде веќе собрана десетици илјади фанови кои со песна ги поздравија новите шампиони на Грција.