ПОЧЕТНА Интернационалци Навивачите му скандираа, Ѓуроски донесе уште една победа

Навивачите му скандираа, Ѓуроски донесе уште една победа

сподели

Македонскиот репрезентативец ја продолжи серијата одлични настапи во дресот на шпанскиот второлигаш Хуеска.

Неговиот тим го победи Оуренсе со 79:74, а Стојан Ѓуроски повторно беше најдобар и најефикасен играч.

Освен што се задржа најдолго на теренот, крилниот играч постигна 18 поени со импресивен шут за тројка (4/5) и за малку остана без дабл-дабл бидејќи оствари уште 9 скока. Ова е втор натпревар по ред на кој Ѓуроски е најефикасен во својата екипа со таа разлика што претходниот, против директниот ривал за врвот Паленсија, Хуеска минимално го загуби.

Аплицирајте веднаш за

Кулминација на неговата одлична игра беше еуфоријата што се создаде на трибините по неколкуте тројки во серија по што навивачите почнаа да го скандираат неговото име.

По оваа победа Хуеска остана на делба на третата позиција на табелата со биланд ос 5 победи и два пораза. Подобри се само Љеида и Паленсија.