ПОЧЕТНА Евролига Му ја забележавте ли тетоважата на левата рака?

Му ја забележавте ли тетоважата на левата рака?

сподели
euroleague.net

Кошаркарот на Фенербахче има ист белег на раката, на бицепсот на левата страна од телото, на кој што е истетовиран неговиот омилен клуб, како што тоа го (на)прави Македонецот.

Францускиот интернационалец ја доживеа својата афирмација во кошаркарскиот свет, во редовите на белградски Партизан каде што помина незаборавни две години (2012-14).

Под водство на Душко Вујошевиќ, Жофри Ловерњ стана една од најдобрите четворки на Стариот континент, по што се пресели во Химки (2014/15), од каде што замина за НБА лигата (Денвер, Оклахома, Чикаго, Сан Антонио).

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

Сезонава тој реши да се врати и повторно да игра во Европа, каде што настапува за екипата на Фенербахче, под палката на уште еден (поранешен) тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ.

Нашиот Перо Антиќ, кој што исто така играше во Фенер и освои една титула во две финалиња, има идентични тетоважи, истетовирани мотиви од сите екипи каде што играл претходно, но боите се претежно црвено-бели, на Црвена звезда и на Олимпијакос.