ПОЧЕТНА Некатегоризирана Му нема рамен, на суперменот од Оклахома

Му нема рамен, на суперменот од Оклахома

сподели

Постигна 32 поена, со 12 скока и со 12 асистенции, влезе во елитното друштво од 4 избрани имиња во историјата на НБА лигата. Сезонава (и минатата), носејќи ја скоро сам на своите плеќи екипата од Оклахома Сити, успеа да го регистрира 100-тиот трипл-дабл во кариерата.

Расел Вестбрук им се придружи на Оскар Робертсон со 181, Меџик Џонсон со 138 и Џејсон Кид со 107, како единствени со 100 или повеќе трипл-дабл остварувања во кариерите.

На Вестбрук му требаа 736 меча, со што е трет на листата најбрзи до 100-ката. Робертсон одигра само 227, а Меџик Џонсон 656 натпревари.

„Ова е неверојатен благослов. Му благодарам на Човекот одозгора кој што ми помага да играм секоја вечер. Ова навистина го мислам.“ – изјави Вестбрук веднаш по завршувањето на мечот со Атланта.

На дуелот со Хокс, Тандер ја регистрира 4-та редоследна победа, со 107:119.