ПОЧЕТНА НБА Му лежат супертимовите: Ленард МВП на финалето 2019

Му лежат супертимовите: Ленард МВП на финалето 2019

сподели
фото: Raptors

Кошаркарот на Торонто е првиот во историјата на НБА лигата, со ова признание и во Источната и во Западната конференција, по титулите сезонава со Репторс против Вориорс и пред пет години со Сан Антонио против Мајами.

Просекот на поени (во финалето) на Кави Ленард е 28.5, со 43% реализација. Последните два месеца тој беше најдобар стрелец, скокач и крадец на топки во лигата, што не се случило од учинокот на Лери Бирд во 1984-та година.