ПОЧЕТНА УЛЕБ МУТА НИКОЛИЌ: Ние не сме за Европа!!

МУТА НИКОЛИЌ: Ние не сме за Европа!!

сподели
Отказ за Мута Николиќ по само четири месеци (kkpartizan.rs)

Поразот од Алба Берлин во рамките на Еврокупот (80:96) беше проследен со бурна прес-конференција, на која што главен збор имаше тренерот на црно-белите, Мирослав Мута Николиќ.

„Генерално лошо играме одбрана. Не сме обучени да играме одбрана. Се договараме да браниме на еден начин, а на натпреварот тоа го правиме на друг.

Ако треба, веднаш си заминувам. Не е до мене, верувајте. Нека седне на клупата кој сака. Ние едноставно не сме за Европа.“

b92.net/starsport

Изненадува реакцијата на публиката во еден дел од мечот, која што повикуваше на оставка на тренерот Николиќ, кој што го презема Партизан во најтешките денови од поновата историја.

На последните 10 натпревари белградската екипа има 5 порази, што и не е толку лошо со оглед на финансиската ситуација во која што се наоѓа.