ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мута Николиќ краде играчи од Гостивар

Мута Николиќ краде играчи од Гостивар

сподели

Екипата на Динамик од Белград, предводена од стратегот кој што до неодамна го предводеше Партизан, актуелен помошник на селекторот на Србија (Александар Ѓорѓевиќ), а во српската јавност познат како голем ловец на таленти и еден од оние што знаат да препознаат квалитет, го ангажира сега веќе екс кошаркарот на Гостивар, Александар Тодоровиќ.

Александар Тодоровиќ (десно)

“Тодоровиќ доби понуда која што не се одбива, тој заслужува шанса за напредок во кариерата и ние не сакавме да му застанеме на тој пат. Му благодариме за добрите партии и за неговиот придонес во КК Гостивар и му посакуваме успех.

Неговото место нема да остане празно, клубот веќе е во преговори со неколку врвни играчи на центарската позиција.” – изјави новиот тим менаџер на гостиварци, Бајрамали Бали Саити.

Александар Тодоровиќ (лево)

Според шпекулациите кои што не се потврдени, Динамик платил солена отштета за услугите на играчот кој што играше одлично во нашето првенство, во првата половина од актуелната сезона.

Аплицирајте веднаш за

Интересот на српска екипа да ангажира играч од македонската лига, е само потврда дека и кај нас некој знае по нешто за кошарката.