ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Моќниот Гостивар го разнесе Пелистер

Моќниот Гостивар го разнесе Пелистер

сподели
фото: gostivarpress.mk

Шокантниот пораз од Кожув е минато, Гостивар им се врати на победите и тоа со убедлив триумф против Пелистер со 98:62. Борбата за четвртото место продолжува и веројатно ќе се води до последното коло.

Кошаркарите на Марјан Србиновски речиси една четвртина ја бараа својата игра. Иницијативата ја презедоа со серијата од 9:0 по која поведоа со 20:12.

Пелистер се доближи на 21:24 во вториот период, но следуваше нова серија од 25:2 за водство од 46:23 по што се беше јасно. Битолчани во преостанатиот дел од мечот не доби шанса за евентуален пресврт.

Јурај Сегариќ со 19 поени беше прв стрелец на Гостивар, а со осум поени дебитираше новото засилување Немања Мишковиќ.

Луис го предводеше Пелистер со 18 поени.