ПОЧЕТНА Евролига Моќната екипа на Обрадовиќ дели лекции, Химки и Анадолу во победнички ритам

Моќната екипа на Обрадовиќ дели лекции, Химки и Анадолу во победнички ритам

сподели
euroleague.net

Фенербахче ја приземји Барселона (65:84) и изби на првата позиција на табелата, со 9 победи и 1 пораз. Барса е на 7-та позиција со 6/4, а во овој меч влезе осоколена по триумфот во вечното дерби во АЦБ лигата против Кралскиот клуб, односно со само 2 пораза на последните 10 меча во сите натпреварувања.

Мухамед Али имаше 16 поени, Марко Гудуриќ одигра одлично во финишот и постигна вкупно 13 поени, по 11 имаа Весели и Датоме, 10 поени постигна Николо Мели. Кај Каталонците, 16 поени имаше Адам Ханга.

euroleague.net

Химки ја оствари третата последователна победа, со 76:68 против силниот Панатинаикос и без првата ѕвезда и најдобриот стрелец во Евролига, повредениот Алексеј Швед.

Аплицирајте веднаш за

Ентони Гил имаше 21 поен, а Џенкинс кој што имаше просек од 3.9 поени се разбуди кога требаше и реализира 12 поени, со 7 скока, 3 украдени топки и 2 асистенции. Химки имаше 24, наспроти 14 тимски асистенции на ПАО.

euroleague.net

Анадолу победи и против Басконија, со 96:85 и е во серија од седум евролигашки, односно 8 триумфи во сите натпреварувања. Турците одеднаш се најдоа во горниот дел на табелата, со 8/2 колку што има и шампионот Реал Мадрид.

Ефес веќе има една победа повеќе, од вкупниот број победи минатата кампања (7/23) кога беше последнопласирана екипа на табелата на крајот на сезоната. Василије Мициќ и Брок Мотум имаа по 16 поени за победникот, Мет Џенинг имаше најмногу кај Басконија, 20 поени.

euroleague.net

Олимпијакос немаше проблеми со Будуќност, победувајќи со 92:70. Ледеј имаше 28 поени на кои што додаде 8 скока, Василис Спанилус постигна 17 поени, а Принтезис реализира 11 поени со 8 скока.

Фенер го презеде врвот, пред двете најтрофејни екипи во Евролига, ЦСКА (7) и Реал (10). Ефес ги изненадува сите со одличната серија во овој дел од шампионатот, ПАО паѓа на табелата, а на дното се Дарушафака, Будуќност и Макаби.