ПОЧЕТНА Куп на РМ Моќен МЗТ, пехарот од Купот се врати во Аеродром

Моќен МЗТ, пехарот од Купот се врати во Аеродром

сподели
фото: mkf.mk

По едногодишна пауза, МЗТ Скопје повторно го има пехарот од Купот на Македонија.

Во финалето од 26. издание од ова натпреварување, актуелниот шампион го совлада својот најголем ривал Работнички со 76:67 и се израмни со по девет трофеи.

Работнички без својот најдобар играч Маркус Гинјард долго се држеше, имаше шанса и да дојде до изненадувачки триумф, но потклекна во финишот кога одлучи подолгата клупа на МЗТ Скопје.

Аплицирајте веднаш за

Тимот од Аеродром подобро го почна натпреварот, во четвртата минута водеше со 8:5, во осмата со 17:9, но Работнички знаеше да врати и да остане во игра. Во 13. минута беше и 23:14 за МЗТ Скопје, но четата на Марин Докузовски се избори за само два поена негатива на крајот од првото полувреме (31:33).

На почетокот од вториот дел Работнички и поведе со 38:35, извесен период го диктираше резултатот, но со една серија од 7:0, МЗТ Скопје поведе со 54:46. И повторно најтрофејниот македонски тим не се предаде, успеа во последната четвртина да ја одржува негативата меѓу три и пет поени се до две минути пред крајот кога прво Спасојевиќ погоди со фаул, а потоа Соколов погоди тројка за 72:63.

Бојан Трајковски и Дарко Соколов практично го одбранија пехарот кој лани го освоија со Карпош Соколи. Тие беа најефикасни во тимот на МЗТ Скопје со 18, односно 17 поени.

Кај Работнички тотално потфрли клупата иако Марин Докузовски немаше многу избор на неа. Резервните играчи не постигнаа ниеден поен, па бадијала беа 24. на Мираковски.