ПОЧЕТНА Евролига Морача ја однесе и Барселона!

Морача ја однесе и Барселона!

сподели
фото: euroleague.net

По Басконија и ЦСКА, Будуќност ја оствари третата победа во Евролигата и повторно на домашен терен, пред својата бучна публика која ги наполни трибините до последно место.

И повторно звучно име падна во Морача – Барселона која АБА шампионот ја совлада со 67:64.

фото: euroleague.net

За разлика од претходните дуели, Будуќност сега не се потпре само на шутот од далечина, туку на одбраната и целосно го запре нападот на Барса. Победата ја обезбеди во последната четвртина, поточно во драматичниот финиш во кој кошаркарите на црногорскиот тим покажаа дека самодовербата не им е слаба страна.

Аплицирајте веднаш за

На 17 секунди пред крајот, Будуќност имаше водство од 65:51 по што Гордиќ го фаулира Синглтон во обид за тројка. Американецот ги погоди сите три слободни фрлања и намали на само -1, но во следниот напад домаќините потрошија 12 секунди без да бидат фаулирани. Кјурик потоа го фаулира Џексон кој беше непогрешлив од пенал-линијата.

Пешиќ остана без тајм-аут, па Барса изведуваше од под кошот, Николиќ ја пресече акцијата, но топката од вториот обид стигна до Ханга кој се обиде за тројка и не успеа.

Гордиќи и Кларк со по 12 и Николиќ со 11 поени беа најефикасни во тимот на Будуќност. И Ханга кај Барселона постигна 12 поени.