ПОЧЕТНА Интернационалци Монако стави печат на првото место

Монако стави печат на првото место

сподели
AS Monaco

Во исклучително силната А група од Еврокупот на УЛЕБ, тимот предводен од македонскиот тандем Филиповски-Митев ќе заврши како лидер.

Тоа е јасно на коло пред крајот на оваа фаза откако Монако го совлада Галатасарај со 76:71 на домашен терен и ја оствари третата победа по ред и седма во деветтиот натпревар.

извор: eurocupbasketball.com

Андора и Црвена Звезда имаат биланс 5-4, па гостувањето кај шпанскиот прволигаш за Монако во последниот круг ќе биде само формалност.

Аплицирајте веднаш за

Резултатите во УЛЕБ купот се освежување за Монако кому не му оди најдобро во француското првенство. По 12 кола, екипата е на 12. место со пет победи и 7 порази, а во моментов е во низа од три порази.