ПОЧЕТНА Европски лиги Монако се засили со поранешен играч на АВ Охрид

Монако се засили со поранешен играч на АВ Охрид

сподели

Францускиот вицешампион во новата сезона ќе го води тренерскиот тандем Сашо Филиповски-Бобан Митев, а во играчкиот кадар ќе има уште еден кој ја познава македонската кошарка.

Нов играч на Монако е поранешниот играч на АВ Охрид, Реми Бери кој беше еден од најдобрите странци во домашното првенство.

Аплицирајте веднаш за

Францускиот интернационалец одигра само девет натпревари за охридскиот тим во Првата лига и покажа дека се работи за одличен играч. Во просек постигнуваше по 25,8 поени, 8,9 скокови и 1,7 асистенции по натпревар.

Имаше забележителни настапи и во АБА 2 каде, исто така, одигра девет натпревари со ефект од 18,6 поени со што беше петти стрелец во ова натпреварување.

https://twitter.com/ASMonaco_Basket/status/1033008171441422337

Сепак, раководството на АВ Охрид ја раскина соработката со Бери пред крајот на минатата година со образложение дека тој ја прекршил клупската дисциплина. Искусниот крилен играч на ја доигра ни полусезоната, односно последните два дуела против Карпош Соколи и МЗТ Скопје.

По заминувањето од Охрид, Бери играше во Хрватска и потпиша за тим од француската Втора лига, но сега доби можност да ги брани боите на екипа која ќе се бори за титулата во францускиот шампионат.