ПОЧЕТНА УЛЕБ Монако направи 18:0, а сепак загуби од Звезда

Монако направи 18:0, а сепак загуби од Звезда

сподели

Францускиот вицешампион, оваа сезона предводен од Сашо Филиповски и Бобан Митев, го претрпе првиот пораз во Еврокупот.

Пред своите навивачи, Монако загуби од Црвена Звезда со 63:66 во еден исклучително нервозен меч со неколку пресврти, прекини и лош напад на двете екипи.

Аплицирајте веднаш за

Српскиот шампион подобро го почна натпреварот, по првата четвртина водеше со 17:6, но Монако во вториот период успеа да фати резултатски приклучок. На стартот од второто полувреме дојде до поголем прекин откако откажа компјутерот преку кој се контролира семафорот.

Тоа веројатно придонесе за нервоза во редовите на гостинскиот тим по што Монако направи серија од 18:0 и од негатива од седум разлика (24:31) дојде до +11 (42:31). Но, иако го имаше психолошкиот момент на своја страна, францускиот прволигаш не успеа да го искористи тоа.

Звезда полека се враќаше во игра, го засили офанзивниот скок, а тоа придонесе за неколку важни кошеви од втор обид. Клучниот момент беше тројката на Регленд при резултат 61:61, но на тоа му претходеа два скока во нападот на Цирбес и Фаје.

Во следниот напад Монако не успеа да реализира, па Регленд со две слободни фрлања стави точка на мечот.

По две одиграни кола Звезда е единствена во групата А со максимален ефект. Монако, заедно со Галатасарај, Андора и Улм има по една победа и пораз, а Бреша е на последното место со два пораза.