ПОЧЕТНА Во позадина Може(ло) и вака – Стоп за подготовките, репрезентацијата на прво место!!!

Може(ло) и вака – Стоп за подготовките, репрезентацијата на прво место!!!

сподели
euroleague.net

Екипата на Басконија го паузира подготвителниот циклус пред стартот на новата сезона, поради, од денешен аспект – банална причина. Скоро целиот состав на шпанската екипа, се пријави за настап во квалификацискиот прозорец на ФИБА, во септември.

Прекинот на клупските активности (поради заминувањето на играчите во дури 9 репрезентации), гo соопшти на Твитер, тренерот Педро Мартинез:

Аплицирајте веднаш за

Вакво нешто е раритет, односно ПРЕСЕДАН во модерниот спорт, кој што е насочен кон профит и кон интересите на клубовите кои што ги плаќаат играчите, а националните тимови се маргинализирани до бескрај.

Но, екипата на Саски Басконија, во минатото најдолго позната како Таугрес / Тау Керамика (1987-2009) поради името на спонзорот, отсекогаш била посебна.

извор: Wikipedia
извор: Wikipedia

Има некој шмек во играчите кои што настапуваат во Виторија, има нешто посебно во односот на раководството кон играчите, а особено е уникатна публиката која што ги исполнува сите натпревари до последното место, во Фернандо Буеса арената (капацитет 15.000), каде што се играат мечевите од шпанската АЦБ лига и од Евролига.

Секогаш било така и според овој потег на клубот, секогаш ќе биде така. Нема суспендирани, нема закани, нема притисоци, нема омаловажување на национални тимови од кои повеќето се од „третиот свет“ според „силата“ на знамињата.

euroleague.net

Да биде сето ова уште позначајно – се случува во шпанска екипа, која што има шпански тренер и само еден шпанец во составот, кој што не e меѓу најстандардните сениорски репрезентативци (не беше дел од составот на ЕП 2017, но сега е повикан во составот).

Во светот има(ло) останато и по некој вистински човек, во вистнинска смисла на зборот…