ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Младите штркови ги прелетаа вечните ривали, ќе играат за титулата

Младите штркови ги прелетаа вечните ривали, ќе играат за титулата

сподели

Екипата на тренерот Горан Крстевски, во неизвесен меч го совлада Работнички со 78:69, во полуфиналното соочување на завршниот турнир во младинска конкуренција.

Ова беше четврта меѓусебна победа за екипата од Аеродром, во средбите во текот на актуелната сезона, со што беше запечатена фаворитската улога.

Во финалето, составот на МЗТ Скопје ќе се соочи со тимот на Партизан Водно Санс, екипа што во другото полуфинале победи против Феникс, со 77:58.

Фајнал-форот во нашата младинска машка конкуренција за играчи до 18 години, се игра во салата Градски парк.