ПОЧЕТНА Младински школи Младите кошаркари на МЗТ Скопје на гостување во Холандија

Младите кошаркари на МЗТ Скопје на гостување во Холандија

сподели
Генерацијата 2004 вторпат за кратко време оди на гостување

Од 5 до 9 март, 23 млади кошаркари на МЗТ Скопје од генерациите 2003, 2004 и 2005 ќе бидат гости на Академијата на холандскиот клуб Ландштеде од градот Цволе.

Екипата од генерацијата 2003 ќе оди во комплетен состав, а 2004 и 2005 ќе бидат комбинирани. Планирано е да се одиграат и три пријателски натпревари со врсниците од Ландштеде, но термините ќе бидат договорени по пристигнувањето во Цволе.

За време на петдневниот престој во Холандија, кошаркарите на двете екипи ќе одржат и заеднички тренинзи, а ќе имаат и туристичка посета на Амстердам.

Ландштеде има една од најмодерните академии во Европа

Ландштеде има една од најмодерните кошаркарски академии не само во Холандија, туку и во Европа. Во ултрамодерната сала, пуштена во употреба во 2012 година има седум кошаркарски терени, две теретани и неколку останати придружни објекти.

Гостувањето на МЗТ Скопје е само почеток на соработката на овие два клуба. Планирано е во следниот период кошаркари на Ландштеде да престојуваат во Скопје во возвратна посета, а ќе се интензивираат и контактите на највисоко ниво.

Дружбата со младите кошаркари на Ландштеде ќе биде огромно искуство за играчите на МЗТ Скопје

За младите кошаркари на МЗТ Скопје ова е второ вакво гостување за краток период. Кон средината на февруари тие престојуваа во Бадалона каде одиграа два пријателски натпревара со тимот на Хувентуд.