ПОЧЕТНА Евролига Младинците на Лиетувос се европски кралеви

Младинците на Лиетувос се европски кралеви

сподели

Во трилер натпревар што беше решен во последните моменти од мечот, литванските момчиња се закитија со круната во младинската конкуренција во Евролига, на завршниот младински турнир во Белград што беше најава за сениорските два последни дуела – за третото место и финалето.

Ритас ја совлада италијанската екипа Стела Азура од Рим, со 76:71. Ова е втора титула за оваа екипа, која што влегува во избрано друшто на тимови кои што повеќе пати триумфирале во оваа конкуренција, по пехарот освоен пред 6 години.

Деивидас Сирвидис погоди за три поени на 35 секунди до крајот на дуелот, при резултат 69:69 на влезот во последната минута, што беше решавачки момент за конечниот скор. Италијанците не успеаја да вратат, а победникот имаше помирна рака во завршницата со слободни фрлања.

Аплицирајте веднаш за

МВП е Марек Блажевич, кој што постигна 20 поени со 11 скока и со 3 асистенции. Сирвидис имаше 18 поени, со 6 скока и со 3 додавања. На спротивната страна, Конти имаше 22 поена со 6 скока и со 5 асистенции.

Лиетувос Ритас ја додава оваа, на титулата од 2012-та година, а останатите екипи со по два пехара се ЦСКА Москва, Жалгирис, ФМП Железник и Париз. Стела Азура е првата екипа од Италија во младинското финале, по Монтепаски во 2004-та година.