ПОЧЕТНА Интернационалци Младеновски имаше среќа

Младеновски имаше среќа

сподели
alesfevzer.com, ekipa.svet24.si

Илирија направи сензација во словенечкото првенство совладувајќи ја Олимпија, но остана без македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски.

Нашиот интернационалец пристигна во Скопје на детални прегледи и веќе го има првиот извештај од лекарите.

„Во третата четвртина од натпреварот го свиткав скочниот зглоб и го напуштив теренот.

Во Скопје направив рентгенска снимка и за среќа нема ништо скршено или пукнато. Но, има оток, треба да поминат неколку дена за да исчезне и потоа да направам магнетна резонанца за да се утврди што друго е оштетено”, изјави Младеновски за basketball.mk.