ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЛАДЕНОВИЌ: Одбраната го реши мечот!

МЛАДЕНОВИЌ: Одбраната го реши мечот!

сподели
Марјан Младеновиќ (фото: rilskibasket.com, архива)

Блокотехна ужива во првата победа сезонава (81:78 против МЗТ Скопје), а за впечатоците зборувавме со еден од најдобрите на теренот на дуелот со штрковите.

Неблагодарно е да се издвојува едно име во тимска игра, но го прашавме Марјан Малденовиќ кои беа пресудните фактори за овој значаен триумф на неговата екипа.

„Знаевме дека не очекува тежок натпревар и се подготвувавме како да е финале. Решаваа нијанси, бевме свесни дека дефанзивата ќе го реши победникот.“

Блокотехна имаше негатива од 12 поени во вториот период, успеа да анулира поголем дел, но во третата четвртина се случи(л) моментот по кој што домаќинот тргна по целиот плен.

„Клучен момент беше нашата фантастична одбрана во третиот период, тогаш видовме дека може да се победи оваа екипа на МЗТ Скопје.

Друго нешто што пресуди, беа скоковите во нападот, особено оној на Горан Главчев во ситуација кога имавме еден поен позитива и добивме посед, па МЗТ мораше да прави фаул со оглед на тоа дека истекуваше времето.“

Аплицирајте веднаш за

Марјан имаше мирна рака во пресудните моменти, погоди две слободни фрлања за 80:77, во завршницата која што се одвиваше од линијата за еден поен.

„Имав многу самодоверба и концентрација и верував дека ќе ги погодам двете слободни, иако ова е голем натпревар против силен противник, а играчите најчесто се физички и ментално исцрпени во ваквите финиши.

За што инаку тренираме, ако не за вакви моменти?“ – рече Младеновиќ, за basketball.mk.